Најмалку 260 цивили се убиени во борбите околу Харков откако руските трупи ја нападнаа Украина пред речиси еден месец, соопштија локалните власти.
Меѓу загинатите има и 14 деца, соопштија синоќа судските власти, јави ДПА.
Градот во североисточниот дел на Украина е опколен од руски војници и имал 1,5 милиони жители пред почетокот на војната. Градот продолжува да биде гранатиран од артилерија, а неколку станбени згради беа погодени синоќа.