Податоците од Универзитетот Џон Хопкинс покажуваат дека бројот на заразени во САД се зголемил за 28.327 на 45.953.806.

Повеќе од 4,91 милиони луѓе биле заразени во Калифорнија, што е најмногу во САД. Следат Тексас (повеќе од 4,23 милиони) и Флорида (над 3,69 милиони). Речиси 72.000 смртни случаи биле пријавени во Калифорнија, 71.000 во Тексас и повеќе од 59.000 во Флорида.

Податоците од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека 79,9 отсто од возрасната популација била вакцинирана со најмалку една доза, 69,5 отсто со две дози, а 9,2 отсто ја примиле третата доза.

Повеќе од 221 милион луѓе ја примиле првата, 191 милиони втората и 17 милиони третата доза.