Повеќе од 50 лица се уапсени во Италија во нова полициска операција против калабриската мафија „Ндрангета“, објавија странските агенции, повикувајќи се на изјава на италијанските карабинери.
Во полициската акција, наречена операција „Карпантос“, учествуваа повеќе од 400 службеници за спроведување на законот.
Акцијата ја водеше обвинителот Никола Гратери, еден од најпознатите италијански истражители против мафијата.
Полицијата соопшти дека 38 лица се одведени во затвор, а шестмина се во домашен притвор. На осум лица им е забрането да ги напуштат своите родни места.
Инспекторите открија различни криминални активности поврзани со мафијата „Ндрангета“, вклучувајќи трговија со дрога од големи размери, перење пари и изнуда.
Калабриската мафија „Ндрангета“ ја замени сицилијанската Коза Ностра како најмоќната мафијашка организација во земјата и се прошири низ Европа и светот.