За потребите на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата ИПСОС спроведе теренска анкета од 06 до 20.12.2021 година врз 1 023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики.
Во истражувањето се вклучени повеќе прашања, а во прилог ви ги пренесуваме резултатите на дел од нив.
1. Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата?
Лош резултат од работата 53%
Добар резултат од работата 29%
2. Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата?
Незадоволителна 64%
Задоволителна 29%
3. Дали сте задоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе владата за справување со ковид кризата:
Незадоволни 55%
Задоволни 37%
Инаку во текот на вчерашниот ден објавивме дека ВМРО ДПМНЕ има стабилна предност во однос на СДСМ од досега највисоки 9%, огромно мнозинство смета дека државата оди во погрешна насока, најголем проблем економија, мали плати, а високи цени.