Во тетовската полиција вчера тројца граѓани пријавиле каснување од бездомни кучиња, а според споделените информации на социјалните мрежи имало и повеќе вакви случаи.
Пријавените примери во полицијата се само на една улица.
-Во периодот од 16:30 до 17:45 часот бележиме три пријави за каснување од бездомни кучиња кои се случиле на улицата „Иво Лола Рибар” во Тетово. Пријавите се од едно машко лице на 40 години од Тетово, женско на 23 години од Беловиште и 41 годишна жена од Нераште, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во текот на 2021 година СВР Тетово бележи 112 каснувања од кучиња во полошкиот регион, а повеќе од половина се на тетовското подрачје. Само во јануари и февруари има пријавено околу десетина вакви случаи.