Загребската полиција денеска добила пријави за поставени бомби во неколку трговски центри, потврди Полициската управа во овој град.

Полицијата веднаш излезе на терен и ги презеде потребните дејствија и мерки за утврдување на вистинитоста на пријавите, водејќи сметка за безбедноста на граѓаните, соопшти полицијата, пренесе Хина.

Пребарувањето на просторот се врши во „City Centеr one East“, „Garden Mall“ во населбата Дубрава и „Family Mall“ во Јанкомир.

Од полицијата посочуваат дека засега нема место за паника.