Без струја денеска од 8 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Мирослав Крлежа“,„Никола Тримпаре“, „Дебарца“, „Коста Кирков“, „Борка Талевски“ и на булеварот „Св. Климент Охридски“ во Општина Центар.
Од 8:30 до 9:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Индира Ганди“, „Хаџи Јован Шишов“ и „Тиквешка“ во Општина Шуто Оризари.
Во периодот од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Ташко Караџа“ и „Бапчор“ во Општина Гази Баба, а од 10 до 12 часот корисниците од село Крушопек во Општина Сарај.
Без струја од 10 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Драчевска“, а од 12 до 15 часот корисниците од улицата „Фрањо Клуз“ број 7.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.