Несреќата во кумановската полиција била пријавена вчера во 18:40 часот. Во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од педесетгодишниот Р.И.од село Матејче и патничко моторно возило „форд“ со швајцарски национални ознаки, управувано од шеесет и петгодишниот Ј.А. од село Никуштак.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „ауди“ З.И.(65) од с. Матејче, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците од двете возила В.А.(21) од с. Ропаљце, А.А.(62) и Ќ.А.(63), двајцата од Никуштак, констатирани во Општата болница Куманово, соопштиија од МВР.

Екипа на СВР Куманово извршила увид.