Бебешка кошула на брендот „Зара“ се повлекува од продажба во Србија поради опасност од задушување. Станува збор за детска кошула со долги ракави со пет копчиња напред. Според Министерството за трговија во Србија, постои опасност од задушување. Имено, утврдено е дека копчињата лесно се откопчуваат и се одвојуваат од кошулата, а децата можат да ги стават во уста и да ги голтаат.
Клиентите кои ја купиле оваа кошула можат да се жалат и да добијат рефундирање. Производителот тврди дека последните примероци од овој производ биле продадени во јануари, пренесува „Нова.рс“.