Вчера во 13:56 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(51) од Скопје и велосипед управуван од П.Д.(65) од Скопје.

Во несреќата велосипедистот П.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза”, соопшти МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.