Вистинска катастрофа го погоди Баерн Минхен на натпреварот против Келн. На теренот се повредија најдобрите поединци во тимот, Хари Кејн и Мајкл Олисе. Прво освојувачот на „Златната топка“ заработи повреда во пределот на скочниот зглоб, по што мораше веднаш да го напушти теренот.

Нешто подоцна се повреди и Мајкл Олисе, но тој сепак успеа да издржи на теренот сè до крајот на полувремето, кога беше заменет во соблекувалната.

Јасно е дека фановите на баварците со нетрпение ги очекуваат првите детални медицински извештаи за сериозноста на повредите на двете големи ѕвезди. Без нив сосема е сигурно дека Баерн Минхен не може да се надева на позитивни резултати оваа сезона, барем што се однесува до борбата за титулите.