Вчера во 22.56 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар- Тетово, на 100 метри после „Пирочки натпатник“, патничко возило „опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(22) од с.Селце, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.Ј.(26) од с.Голема Речица, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка Х.С.(22) од Дреноец-Порој, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.