Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ги распиша повторените локални избори за четири општини, кои ќе се одржат на 11 јануари.

Повторувањето на изборите се однесува на општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Во овие општини, на првиот круг од локалните избори на 19 октомври, немаше доволен број излезени граѓани за да се исполни законскиот цензус.

Одлуката на Гаши е во спротивност со барањето на претставници на опозицијата во албанскиот етнички блок. Од Алијансата на Таравари побараа изборите да се распишат пред Нова Година за да се искористи присуството на дијаспората.

Од оваа партија изразија загриженост дека по Нова Година дијаспората ќе си замине и изборите пак ќе имаат ниска излезност.

Во повтореното гласање нема да биде потребен цензусот од една третина избирачи во првиот круг.