Струмица, Скопје и Куманово со екстремно загаден воздух

Според податоците од страната „Ер Кер“ (Air Care), неколку градови во Македонија денеска се соочуваат со екстремно високо загадување на воздухот, при што најкритична е состојбата во Струмица.

Струмица на врвот по загаденост

Во најзагадените делови на Струмица индексот на загаденост достигнува дури 399, што ја става оваа општина на водечка позиција на национално ниво. Станува збор за исклучително високи вредности кои претставуваат сериозен ризик по здравјето на граѓаните.

Куманово и Скопје со високи индекси

На второто место утрово има „мртва трка“ меѓу Куманово и Скопје. Во Куманово индексот на загаденост изнесува 255, додека во Скопје е измерен индекс од 247. По нив следуваат Крушево со индекс 176 и Кавадарци со 164.

Скопје меѓу најзагадените градови во Европа

Главниот град утрово се најде на четвртото место на листата на најзагадени градови во Европа со повеќе од 300.000 жители, веднаш зад Белград и Крајова, додека најзагаден град во Европа денеска повторно е Сараево. Во Скопје, највисоко загадување е измерено во Пролет со индекс 239, во Лисиче со 212 и во населбата 11 Октомври во Кисела Вода, каде индексот изнесува 110.