Во неколку белградски трговски центри за помалку од половина час биле пријавени дојави за бомби, соопшти српското МВР.

Станува збор за трговскиот центар ТЦ Рајиќева и ТЦ Биг во Раковица. Како што пишуваат српските медиуми, МВР добиле дојава и за поставена бомба во трговскиот центар во Бањица.

Екипите се на терен и засега немаме повеќе информации, соопшти полицијата.

Од српското МВР велат дека добиле дојава за поставена бомба, по што наредиле сите веднаш да го напуштат трговскиот центар. Во моментов е во тек евакуацијата на сите клиенти и вработени.

Околу трговскиот центар Рајиќево се собраа голем број луѓе кои чекаат нови информации за експлозивната направа.

На крајот на минатиот месец беа евакуирани училиштата по лажни дојави за бомби.