Во акциска контрола рано утринава, полициски службеници од ОВР Гостивар приведоа седум странски државјанки поради злоупотреба на туристички престој. Контролата се случила во 02:10 часот во угостителски објект во гостиварското село Добридол, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Приведените жени, на возраст од 22 до 34 години, се државјанки на Бразил, Колумбија и Венецуела. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, додека полицијата продолжува со истрагата за околностите на нивниот престој.
-
МАКЕДОНИЈА ПОЛНА СО ТАНЧАРКИ, ЕСКОРТ ДЕВОЈКИ И СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЧКИ: Приведени странски државјанки од Бразил, Колумбија, Украина, Франција и Србија!
Серија акции за спречување злоупотреби на туристички престој
Само неколку дена претходно, во слична ноќна акција спроведена на регионалниот пат Тетово–Желино, беа приведени странски државјанки од Бразил, Колумбија, Украина, Франција и Србија. Жените, на возраст од 21 до 38 години, беа осомничени дека злоупотребиле туристички престој, работеле како танчарки и келнерки, спротивно на условите за престој.
Министерството за внатрешни работи редовно врши контроли на угостителските објекти за откривање на вакви прекршувања, кои често се поврзуваат со потенцијални кривични дела.
Сомнежи за трговија со луѓе
Според полициски извори, ваквите активности сè почесто се поврзуваат со трговија со луѓе и сексуална експлоатација. Девојките најчесто се доведени преку измама или под принуда да работат под вакви услови. Во некои случаи, тие свесно прифаќаат ваква работа заради економски причини, но во услови кои ја надминуваат рамката на законските дозволи за престој.
Министерството за внатрешни работи најави дека ќе продолжи со засилени контроли и ќе презема активности за спречување на вакви злоупотреби.