Нов потрес по полноќ, почувствуван во Охрид и Струга

Уште еден земјотрес го потресе подрачјето на Пештани–Охрид–Струга ноќеска, нешто пред еден часот по полноќ. Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 степени, со епицентар околу 102 километри југозападно од Скопје.

Силен земјотрес го погоди охрдискиот регион

„Земјотресот беше почувствуван во градовите Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала“, се наведува во соопштението на Сеизмолошката опсерваторија.

Втора ноќ со тлотреси – најсилниот вчера во 4:34 часот

Станува збор за втора последователна ноќ со сеизмичка активност во регионот. Вчера утрината, истото подрачје регистрираше повеќе потреси, од кои најсилниот се случи во 4:34 часот. Тој беше со интензитет од V степени, исто така почувствуван во Охрид и околните места.

(ВИДЕО) Земјотресот во Охрид снимен од приватна безбедносна камера

Иако потресите предизвикаа вознемиреност кај населението, надлежните институции соопштуваат дека нема пријавени материјални штети.