Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Турција, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според EMSC, земјотресот се случил на длабочина од два километри.
Земјотресот се случил на оддалеченост од 57 километри северно од Кахраманмарас.
Речиси 38.000 луѓе загинаа во разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија минатиот понеделник.
Турските власти објавија дека во таа земја животот го загубиле 31.974 лица, а во Сирија загинале повеќе од 5.815 лица, објави Ројтерс, повикувајќи се на сириските државни медиуми и ОН.