Кандидатот за градоначалник за градоначалник на Општина Аеродром, од редовите на СДСМ, Александар Филиповски ја промовираше неговата кампања и во населба Лисиче.
Кандидатот на СДСМ најави дека градинката „Пчелка“ во Лисиче ќе добие нов лик.
– Градинката „Пчелка“ во населбата Лисиче ќе добие нов лик. Планираме изградба на енергетски – ефикасен објект, со нови занимални, опрема и дидактички материјали кои ќе придонесат за подобар детски развој. Предвидуваме целосна обнова и на плочникот. Покрај партерен дел, ќе засадиме и околно зеленило, со што овој јавен простор ќе добие нова вредност, напиша Филовски на Фејсбук.
И по четири години локална власт на СДСМ во Аеродром, тој додаде дека нивната цел е на секој начин да го надоместуваме изгубеното зеленило.
– Имавме продуктивна недела, во која ми дадовте голем број на сугестии, коментари и предлози за да ја создадеме програмата за нашиот Аеродром. Ви благодарам на поддршката и имајте убав викенд, додаде тој.
Но, граѓаните бурно реагираа на оваа објава.
– Која навреда за интелигенцијата е во Лисиче да дојде кандидатот за градоначалник, кој бил советник во општинската администрација што за 4 години не успеа да изгради ЕДЕН КАТ од Димитар Македонски и да ветува реновирање на една од градинките?! Да биде уште потрагично, доаѓа заедно со министер за здравство во населба чија амбуланта смрди на влага, не е реновирана од кога е направена, а дури и на самите лекари им е страв да влезат во неа. Не ме ни чуди што поголемиот дел од луѓево на сликиве не се од Лисиче, а и овие што се, доволно даваат до знаење кој е мотивот да се биде дел од овие “маалски муабети”, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи, пишува локален жител на социјалните мрежи.
– Повторно со истите лаги што и Златче ги кажуваше пред четири години. Лисиче единствено ќе го среди градоначалник што ќе биде од Лисиче и ќе имаме градоначалник од Лисиче, а не некој лик што еден месец пред избори менува адреса во Аеродром, пишуваат изреволтираните граѓани.