Планирал да убива христијани во Австрија
Двајца тинејџери – еден со потекло од Македонија и еден од Чеченија – повторно се наоѓаат во притвор во Австрија, овојпат под сомнение за терористички активности, објави австрискиот портал „Хојте“.
И двајцата беа осудени во летото 2023 година од регионалниот суд во Леобен, поради планирање напад врз средно училиште и намера да воспостават „калифат“ во Австрија.
Првично, добија делумно условни казни од 15 и 16 години. Во пресудата се наведува дека македонскиот граѓанин планирал да убива христијани во Австрија.
Едниот од нив, сега 17-годишен, бил пуштен на слобода предвреме по издржување на две третини од казната, со задолжителни мерки за дерадикализација и психотерапија.
Сепак, според обвинителството, тој повторно покажал знаци на радикализација, меѓу кои планирање напад со автоматска пушка и обиди да обезбеди средства за набавка на оружје. Австриските медиуми пренесуваат дека одбивал да соработува со властите.
Неговиот соучесник, 18-годишен, бил уапсен на македонската граница кон крајот на август, при враќање од својата татковина. И против него се води нова постапка поради сериозни планови за напади, вклучувајќи и можна употреба на експлозиви.
И двајцата се повторно во затвор, откако им беше укината условната казна од првото судење.