Дваесет и седумгодишна жена од кривопаланечкото село Жидилово е повторно уапсена откако ги попречила екипите на Агенцијата за храна и ветеринарство при обид да ги одземат кравите за кои има донесено решение, соопшти МВР. Според полицијата, таа трчала по кравите за да ги разбрка и да спречи нивно одземање.
„На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни-крави“, информираа од МВР.
Жената е приведена во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
