Се наоѓаме на почетокот на вториот дел до вториот круг од локалните избори. Во пресрет на вториот круг кандидатите за градоначланици од сите политички партии напишаа свои објави со цел да ги мотивираат граѓаните да излезат во вториот круг и поддршката да им ја дадат токму на нив.

Таков е примерот и со кандидатите од редовите на СДСМ за Општина Ново Село и Општина Василево каде што кандидатите буквално со идентични објави на Фејсбук се заблагодарија за поддршката во првиот круг и истата ја побараа и за вториот.

Во продолжение погледнете ја фотографијата и сфатете за што станува збор:

По одредено време, откако тие го објавија идентичниот статус тие наидоа на сатира по социјалните мрежи.