Најмалку шест лица загинаа во пожар во ноќен клуб во југоисточниот град Мурсија, соопштија шпанските власти. Пожарот избувнал во популарниот ноќен клуб Театре, лоциран во областа Аталајас, околу шест часот по локално време.

Властите велат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Брзата помош и другите служби за итна помош трагаат по лица кои се сметаат за исчезнати и биле во просториите на клубот во моментот на пожарот.

Четворица се во болница поради вдишување чад. Не е јасно што го предизвикало пожарот кој избувнал додека во клубот имало уште многу луѓе.