–Во моментов гори сува трева, грмушки и ниска деградирана ретка шума и поради тоа што теренот е непристапен за гасење од земја со човечка сила ќе се следи состојбата во текот на денешниот ден од страна на екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција, велат од ЦУК.
Оттаму информираат дека во текот на вчерашниот и денешниот ден низ земјава се појавени неколку мали пожари на сува трева и стрништа, како и диви депонии коишто беа за брзо време изгаснати од страна на надлежните институции