На 31.03.2023 во 01.17 часoт во СВР Скопје е пријавено дека околу 01.00 часот во населба Ќерамидница во Скопје, во барака сопственост на Е.З., настанал пожар од плинска боца, од кој била зафатена и барака сопственост на А.Е.(30), информира МВР.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Повредени лица нема.

Увид ќе биде извршен од екипа на СВР Скопје.