Во пожар во болница во индискиот град Бару загинаа 18 пациенти, а болничкиот персонал и пожарникарите спасија околу 50 лица, соопшти полицијата.

Во изминатите 24 часа во Индија е потврден рекорден број од речиси 402.000 новозаразени со коронавирус, а премиерот на земјата Нарендра Моди оцени дека оваа пандемија претставува „криза која се случува еднаш во еден век“.

Откако во јануари започна вакцинацијата во Индија, досега речиси 10 отсто од Индијците ја примиле првата доза од вакцина против Ковид-19, а 1,5 проценти се ревакцинирани.

Поради исклучително тешката епидемиолошка ситуација, на Индија медицинска помош и испратија САД, Русија, Велика Британија, Сингапур, Дубаи и Банкок.