Се појавија и први снимки кои ги објави Блиц.рс Огнот избувна на првиот кат, сите сме евакуирани, рекол еден од работниците за Новости.рс
-Во 8 часот и 14 минути добивме дојава дека нешто гори во подрумските простории на Клиничкиот центар кој е во изградба. Веднаш испративме осум возила со 25 пожарникари, кои пристигнаа на повик, изјави Мајсторовиќ.
Тој додаде дека противпожарната единица пристигнала на терен за околу седум минути, што е многу брзо со оглед на условите во сообраќајот во тој дел од градот.
-Многу брзо го локализиравме пожарот, истакна Мајсторовиќ.
Огнот зафатил една просторија со кабли од околу десет метри квадратни во објектот во изградба, во рамките на Клиничкиот центар
Се наведува дека работниците од градилиштето на новиот дел на Клиничкиот центар се засолниле по избувнувањето на пожарот и дека во инцидентот нема повредени.
Во тек е истрага, која треба да ја утврди причината за пожарот утринава, а се проценува и материјалната штета.
Истрагата која треба да ги открие причините за пожарот ќе се изврши по целосно гаснење на пожарот, соопшти српското МВР.