Веројатна причина за пожарот во ковид одделението во болницата „Хаџи Димитар“ во Сливен е запалена цигара од еден од пациентите во просторијата, соопшти Министерството за здравство на Бугарија.

Бугарскиот министер за здравство д-р Стојчо Кацаров разговараше со директорот на болницата во врска со трагичниот инцидент.

Сигнал за пожар во 02:39 часот дале жители во близина на медицинската установа. Во пламен била соба на третиот кат.

Во пожарот загинаа три лица.

Од другите простории во пожарот нема повредени медицински персонал или пациенти. Пациентите се префрлени на други одделенија во болницата.

„Причината за пожарот се уште е нејасна, до еден од креветите во собата е пронајдена запалка“, додаде регионалниот гувернер на Сливен, Минчо Афузов.