Куќа се запалила во Велес, на улицата „Васа Кошулчева“. Несреќата се случила утринава во пет часот. При интервенцијата од страна на пожарникарите, бил пронајден изгорен човек.
Смртта на лицето била потврдена од доктори од Брза помош. Собата во која бил пронајден била целосно пеплосана.
Засега не се знае идентитетот на лицето.