На 30.04.2023 во 17.30 часот во Полициско одделение Јегуновце е пријавено дека околу 17.00 часот во с.Шемшово настанал пожар на куќа сопственост на Б.Ш.(63) од с.Шемшово, при што опожарена била кровната конструкција.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Тетово, а при гаснењето со повреди се здобил сопственикот Б.Ш..