-Опожарени се три куќи во населбата Злокуќани, од кои едната е целосно изгорена.Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа спречена е поголема катастрофа.Куќата во која избувнал пожарот е целосно уништена со целата покуќнина.Апелирам до граѓаните да помогнат согласно своите можности, а на оштетеното семејство му понудив привремено сместување додека не се санира нивниот дом.Предупредувам дека доаѓа тешка зима и стравувам дека е можно да се повторат вакви немили настани, па затоа апелирам до сите граѓани да бидат крајно внимателни при користењето на електричната енергија, кажа Јакимовски.