Во скопската населбата Пржино во Кисела Вода, попладнево настана пожар во напуштена барака, односно поранешно основно училиште. Засега не се познати причините за настанување на пожарот.
Командантот на скопската Противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски за МИА потврди дека три противпожарни возила интервенираат на терен. Освен пожарникари, на терен има и екипи на полицијата.
Томевски додаде дека нема опасност од ширење на пожарот и дека се при крај со стабилизирање на пожарот.