На 20.10.2024 во 09.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, сопственост на В.А.(83) од Скопје.

-Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од Итна медицинска помош на сопственичката В.А. и била укажана помош поради вдишување чад, информира МВР.

Извршен бил увид.