Гори стан во зграда во Ново Лисиче, кај што е последната станица на автомобусот со линија „5“, објави Скопје1.
Чад излегува над зградата, а дел од жителите се веќе надвор од домовите.
На терен е излезено и противпожарно возило со пожарникари.
Просторот го обезбедува полицијата. Повеќе информации се очекуваат наскоро.