На терен е неготинскиот градоначалник д-р Горан Стојанов, како и бројните екипи кои веќе цела недела со натчовечки напори се трудат да го стават пожарот под контрола.
-Ќе помислиме дека состојбата оди на подобро, но за кратко повторно се разгорува. Не можеме ништо да прогнозираме, ова е една голема катастрофа и сите сме исцрпени, велат за ,,Фокус” мештани кои од копно се обидуваат да се изборат со огнената стихија.
Вчера на Серта се одвиваше најмасовното гасење на пожарот, со помош на меѓународни воздухопловила. Но, поради густиот чад, тие беа принудени да се повлечат.
Гасењето продолжува, но очигледно е разочарувањето кај доброволците кои гасат од копно, и кои велат дека веќе имаат чувство како да се вртат во круг цела недела и се немоќни пред стихијата.