Поради отежнатите временски услови односно ветарот, пожарот е сè уште активен, но е локализиран.

– Од ТППЕ-Гевгелија информираат дека пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчката територија, зафаќајќи ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило, велат од Општина Гевгелија.

Покрај гевгелиските пожарникари, во борбата со пламените јазици се вклучило и јавното општинско претпријатие „Комуналец“, граничната полиција и вработените во хотелот „Фламинго“.

Од грчка страна, пак, пожарот го гаснеле пожарникари од Поликастро.

За среќа, велат од Општината, избегната е поголема катастрофа и пожарот не ги зафати граничниот премин, хотелите „Фламинго“ и „Принцес“, но и двете бензински пумпи „Шимов“ и „Окта“.