Пожарот кај „Треска“ го блокираше центарот на градот.

По звукот на експлозија, се појави густ црн чад, а потоа и пламени јазли.

Во моментов улиците од околината се затворени за сообраќај.

„Рузвелтова“ е целосно непроодна за сообраќај, а затворен е и дел од булеварот „Теодосиј Гологанов“.

Голем број на полициски возила и службеници се излезени на лице место. Додека пожарникарите гаснат на опожарената локација, полицајците го регулираат сообраќајот во околината.