Нуредини објасни дека пожарот во модуларната болница траел многу кратко.
-Пожарот траел од три до 5 минути. Медицинските екипи, вработените и лица кои што беа надвор, роднини кои што сакаат да комуницираат со нас…сите тие помагаа и замислете сѐ се случи за 3 минути. За тоа време се спасија само овие 12 пациенти. Другите не се успеа бидејќи пламенот за 3 минути го опфати целиот простор, вели Нуредини.
Тој појасни дека во моментов во Тетово бројот на заболени се намалува.
– Во моментов има 57 хоспитализирани, 36 лица вчера беа прегледани и имаме еден почината, изјави Нуредини.
Во однос на видео-обезбедувањето на болницата тој рече дека болницата имала камери.
-Надзорни камери има, од страничната и од предната страна и материјалите се доставени се на јавен обвинител, рече Нуредини.