Под контрола е ставен големиот пожар што уништи голем дел од парламентот на Јужна Африка. Тоа го потврдија денеска од противпожарната служба.
– Пожарот беше ставен под контрола во текот на ноќта, изјави денеска портпаролот на таа служба, Џермејн Карелсе. Според него, дека пожарот се уште е активен во најстариот дел од зградата.
Зградата во Кејптаун се состои од три дела, најстариот датира од 1884 година. Во поновите делови, изградени во 20-те и 80-те години од минатиот век, се наоѓа Националното собрание.