Утрово се гаснеше од копно и воздух

Со цел да се воспостави контрола врз огнената стихија претпладнето покрај екипите на терен се дејствуваше и од воздух. Од Територијалната противпожарна единица од Охрид велат дека пожарот се држи под контрола.

„Екипите моментално се на терен и Територијалната противпожарна единица е излезена на терен. Моментално се наоѓаме над селата Расино и Вапила каде што нашите екипи дејствуваат од земја, а исто така имаме поддршка од воздух со два хеликоптери се со цел пожарот да се локализира, да се стави целосно под контрола“, изјави Борко Јанкулоски-командир на Територијалната противпожарна единица-Охрид.

Последици од пожарот

Иако околните села се безбедни последиците од пожарот ги чувствуваат жителите од овој регион.

„Преку цел ден, нарочно кога дува повеќе ветер стварно возилава се прекриени со пепел, се овде има. На пример исто позади имаме градина со домати, едно, друго се е покриено со пепел“, изјави жител.

Се огласи градоначалникот

Првиот човек на Општина Охрид, Кирил Пецаков вели дека денеска целосно ќе биде локализиран пожарот. Локалното население, пожарникарите и армијата се на терен.

Исфрлени 43 тони вода

По повторното реактивирање на пожарот вчера во попладневните часови беше локализиран со поддршка на два хеликоптери и авиони канадери при што само хеликоптерот на МВР исфрлил 43 тони вода врз пламените јазици.