Пожар на глисер во Охридското Езеро

Денеска околу 11:22 часот, во СВР Охрид и езерската полиција било пријавено дека во глисер укотвен на околу 30 метри од брегот, меѓу населбата и автокампот „Елешец“, избувнал пожар.

Брза интервенција

Во гаснењето на огнот учествувале Територијалната противпожарна единица Охрид и припадници на езерската полиција. Повредени лица нема, но пожарот предизвикал сериозни оштетувања на коритото на пловилото.

Штета и потонување

Според МВР, глисерот бил регистриран на 64-годишен жител на Тетово. Пожарот довел до потонување на пловилото на длабочина од околу три метри, а оштетени биле и два соседни глисери.

Извор: СкопјеИнфо