При пожар во стан во зграда на улицата „Кочо Рацин“ во Скопје, седум лица добиле медицинска помош поради вдишување чад. Огнот е локализиран
Пожар на улицата „Кочо Рацин“ избувнал попладне околу 16.30 часот во стан во зграда во центарот на Скопје. Седум лица вдишале чад и добиле медицинска помош. Пожарот е изгаснат, информираа надлежните служби.
Пожарникарите интервенирале со две возила, а поради проширување на огнот на поголема површина, биле повикани дополнителни сили. Станот во кој избувнал пожарот се наоѓа на вториот кат од зградата.
– Има повредени седум лица, со вдишување чад, веднаш се повикани медицински екипи и пружена им е помош. Пожарот за кратко време е локализиран и целосно изгаснат, изјави Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека нивни екипи се на терен. Се врши увид за да се утврдат точните причини за избувнување на пожарот.