Денеска попладне во селото Идризово, во скопскиот регион, избувна пожар. Целосно уништи викендица, а ги зафати и дворовите на соседните имоти.
Според Министерството за внатрешни работи, пожарот избувнал околу 14:45 часот во викендица во местото „Наово“, сопственост на 84-годишниот И.Г. од Скопје. Огнените јазици брзо се прошириле. Предизвикале штета и во дворовите на двајца соседи, 52-годишниот В.М. и 73-годишниот Р.М.
Обвинение против тројца за подметнување пожар во кафе бар во Кисела Вода
На терен брзо интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, која успеала да го изгасне пожарот и да спречи негово натамошно ширење. За среќа, нема повредени лица.
Полицијата изврши увид на местото на настанот, а причините за пожарот се уште се истражуваат.
Извор: Курир