Пожарот на улицата „Браќа Ставреви“ е изгаснат, хоспитализирани се тројца поради вдишување чад
Пожар во куќа во Кочани избувна попладнево, нешто пред 14 часот, на улицата „Браќа Ставреви“. Пожарот е целосно изгаснат, а во гаснењето интервенираа кочанските пожарникари со сите расположливи средства. Поддршка добија и од членовите на Доброволното противпожарно друштво.
Од Итната медицинска помош информираат дека се хоспитализирани три лица. Тие се повредени од вдишување на чад, но ниту едно лице не е во животна опасност. Прегледите се во тек, а пациентите се задржани под лекарски надзор.
Причините за пожарот сè уште не се утврдени. Истрагата за тоа под кои околности избувнал пожарот не е започната. Се очекува увид на надлежните служби во текот на следните часови.