Пожар во Лисиче уништи домови и предизвика паника меѓу жителите
Пожар во Лисиче избувна околу 01:30 часот по полноќ, на 2 август 2025 година. Огнената стихија зафатила куќи на улицата „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба. Настанот е пријавен во СВР Скопје и веднаш биле активирани пожарникарски екипи.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, целосно се уништени две куќи. Станува збор за домови во сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30). Третата куќа, во сопственост на С.Г. (57), е оштетена делумно – пожарот зафатил дел од кровот.
Повреден жител итно пренесен во клиничкиот центар
Во пожарот е повреден е С.С., кој е пренесен со Итна медицинска помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Неговата здравствена состојба засега не е прецизирана.
Пожарот бил локализиран и изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. МВР најави дека увид на местото ќе се изврши во текот на денот, за да се утврди причината за пожарот и евентуалната материјална штета.