На 13.01.2026 во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул. „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О.С.(76) од Тетово, кој починал на местото. Лекар констатирал смрт.

При обид да го изгаси огнот, со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово