Пожарот кој попладнево изби меѓу Катланово и Петровец во близина на бензиска пумпа е делумно локализиран, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
-Истиот е пресечен и не претставува опасност за бензиската пумпа. Се движи кон село Чифлик и на негова контрола работат скопските пожарникари од БППЗ. Рано наутро со дејство ќе започне еден Ер трактор, ќе упатиме и неколку специјални возила, посочи Ангелов.
Додаде дека се работи за пожар на тежок терен, но изрази надеж дека во текот на утрешниот ден ќе биде ставен под контрола.