Пламените јазици на стотина метри од фабричките хали на „Дојран Стил“
Пожарот што рано изутринава избувна во нискостеблестата шума над Дојран се прошири со голема брзина и стигна на само стотина метри од производните погони на фабриката „Дојран Стил“ во селото Николиќ.
Според информациите, ветрот значително го засили фронтот на огнот, а загриженоста меѓу жителите расте.
Пожарот кај Николиќ: Градоначалникот бара воздушна интервенција
Градоначалникот на Дојран објави видео на својот профил на Фејсбук каде директно се обрати до надлежните институции, посочувајќи дека е потребна итна воздушна интервенција поради сериозноста на состојбата со пожарот кај Николиќ.
Заштитен коридор меѓу магацините и огнот направен со копнени сили
Во одбрана на индустрискиот објект реагираа и екипите од Територијалната противпожарна единица – Дојран, кои со поддршка од доброволци и механизација на „Дојран Стил“, копнено успеаја да формираат заштитен коридор меѓу фабричките магацини и напреднатата линија на огнот.