Директорот на Центарот за управување со кризи и надлежните служби ја координираа акцијата за ставање под контрола на пожарот во Јажинце
Денес, директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командирот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети, и раководителката на РЦУК Тетово, Арлинда Мухареми, од терен ја координираа целата акција, која резултираше со успешно ставање на пожарот во Јажинце под контрола.
Големиот пожар што избувна во Јажинце е ставен под контрола. Благодарение на навремената координација и брзата реакција на сите надлежни служби.
Во гаснењето беа вклучени противпожарните екипи од Тетово, специјализираните возила на Дирекцијата за заштита и спасување. Како и воздушна поддршка од авион „Ер Трактор“ и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи. Навремената интервенција овозможи ограничување на ширењето на огнот. Како и заштита на инфраструктурата и имотот на граѓаните.
Оваа успешна акција уште еднаш ја потврди важноста на брзата и ефикасна координација. Како и меѓусебната соработка меѓу различните институции при справување со кризни ситуации. Демонстрирајќи дека сите надлежни служби дејствуваат ефикасно за заштита на граѓаните и имотот од пожарот во Јажинце.