Локализиран е пожарот, но предизвика голема материјална штета

Пожарот во магацинските простории достигна разгорена фаза и беше исклучително тежок за гаснење. За да се заштитат пожарникарите кои навлегле длабоко во просториите, беше побарано од ЕВН да се исклучи струјата.

Друг тим, и покрај дождот, изврши отворање на лимениот покрив за да овозможи чадот да излезе од објектот, олеснувајќи ја интервенцијата.

Пожарот предизвика голема материјална штета, а тим на ТППЕ Струмица остана на терен и синоќа дежураше за да спречи повторно активирање на пожарот.